Ракометарите на Вардар остварија нова победа во групата од Лига Европа, откако вечерва на домашен терен ја совладаа Бенфика со 33:27. Со новите два бода и со поразот на Мелсунген од Кристијастад од 31:30 „црвено-црните“ бодовно се изедначија со бундеслигашот Мелсунген.

Инаку, во текот на целиот натпревар избраниците на Иван Чупиќ беа во водство, а Бенфика имаше нерешен резултат само еднаш 1:1. Во првиот дел Вардар во неколку наварти имаше предност од четири разлика, а на полувреме беше 15:14. Кон средината на вториот дел по 23:20 Вардар направи серија од 4-0 за највисоки 27:20. На тој начин „црвено-црните“ запишаа уште една европска победа.

Најефикасен кај Вардар беше Јака Малус со 9 голови.

Вардар е лидер на табелата со 6 бодови, колку што има и Мелсунген, додека Бенфика и Кристијанстад имаат по 4.

Во последното коло на 10.март играат: Мелсунген – Вардар и Бенфика – Кристијастад.