Ракометарите на Вардар немаат многу време за одмор. Откако минатиот вторник беа поразени во првиот натпревар од втората фаза на Европската лига од Бенфика, следуваше дербито со Алкалоид. Триумфот во автокоманда сигурно ќе биде мотив повеќе за избраниците на тренерот Чупиќ, за предизвикот што претстои.

Тоа е дуелот од втората рунда во европското натпреварување против Мелсимген.

Германскиот тим елидер во третата група, со максимални шест бодови. Милсуген во текот на сезоната покажа дека има тим за почит. Сепак во таборот на вардарци веруваат дека со поддршка на своите навивачи можат дополни плен итриумф.

,,Се работи за многу добра екипа со многу добар тренер кој сите добро го знаете. Наша цел е со две победи дома ќе обезбедиме место во осминафиналето.

Се надевам дека ќе го наполниме „Јане Сандански“ и со добра атмосфера ќе стигнеме до победа”,

изјави на денешната прес-конференција тренерот Иван Чупиќ.

Дуелот меѓу Вардар и Мелсунген што ќе се игра утре (вторник) во СЦ ,,Јане Сандански” ќе почне во терминот од 20.45 часот.