Хери Кејн продолжува да ја гази Бундес лигата и со нови два гола го предводеше Баерн до триумф.

Шампионот со победа од 4:2 над Хајденхајм продолжува да „меле” во Бундеслигата. Стрелци покрај Кејн на натпреварот беа и Рафаел Гереро и Чупо-Мотинг. Головите за Хајденхајм беа дела на Клајндинст и Бесте.

Штутгарт му оддржа фудбалска лекција на Дортмунд. „Милионерите” беа изгубени и со пораз се враќаат во Дортмунд. Со резултат од 2:1 победи Штутгарт.

Најпрвин домаќините промашија пенал и тоа им даде сила на „милионерите” кои тогаш поведоа со 1:0 со голот на Фулкрух. Но со головите на Ундав и Гираси домаќините направија пресврт на натпреварот.

Другите два натпревари од 15:30 часот завршија со реми. Дармштад и Маинц одиграа без голови, а Аугсбург и Хофенхајм одиграа 1:1.

Со натпревар повеќе Баерн е моментално лидер со 29 бода по 11 одиграни кола. Штутгарт се 3.ти со 24 бода, а Борусија Дортмунд 4.ти со 21 бод.

Андреј Велјаноски