Во осмото коло од женската Супер лига тимот на Вардар ја пречека екипата на Пелистер 2012. Вардар го победи тимот на Пелистер со 38:20.

Вардарки во седмата минута успеаа да поведат со 5:3. Иако на почетокот Пелистер успеа да и парира на екипата на Вардар тие не дозволија да продолжат понатаму. Домашната екипа со серија 4-0 ја зголеми предноста на 9:3. Во 25-тата минута поведоа со +10 (16:6). На полувреме резултатот беше 20:7.

Во втората половина црвено-црните успешно ја зголемуваа предноста па во 36-та минута имаа +15. Гостите се обидуваа да ја намалат негативата но, домаќините не дозволија и ја одржуваа предноста.  Крајниот резултат беше 38:20.

Најефикасни од победничкиот тим беа Тодоровска Дона и Симона Василева со шест гола , додека од Пелистер Наумовска Кристина даде десет гола.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
сабота
ВАРДАР – ПЕЛИСТЕР 38-20
ГЕВГЕЛИЈА – СПАРТАК 21-34
16.30 КУМАНОВО – ЧАИР СКОПЈЕ
17.30 ШАМПИОН – МЕТАЛУРГ А.
недела
17.30 ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – ДЕСПИНА
12.00 АСТИБО – СТРУЖАНКА
среда (15 ноември)
00.00 СКОПЈЕ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 21 бодови, Вардар 19, Куманово 18,  Чаир 16, Металург Автокоманда 15, Стружанка 13, Пелистер 13…

Ивона Кимовска