Без изненадувања и со победи на фаворитите на попладневните дуели од 12.коло од Премиер лигата. Манчестер Јунајтед на домашен терен го совлада минимално Лутон, додека Арсенал во вториот дел „го скрши“ отпорот на Барнли.
„Црвените ѓаволи“ второ коло по ред со мининална победа од 1:0 сигнуваат до бодовите. Попладнево јунак на Манчестер Јунајтед беше Виктор Линделоф, стрелецот на единствениот гол во 59.минута.
Нешто потешка задача имаше Арсенал, кој со 3:1 го совлада Барнли. „Топџиите“ поведоа во продолжението на првиот дел со голот на Леандро Тросард (45+1). Гостите изедначиија на почетокот на вториот дел (54 минута) со голот на Џош Бронвил. Но, радоста траеше кратко бидејќи Вилијам Салиба во 57.минута донесе ново водство за Арсенал, а конечните 3:1 ги постави Олекаснадер Зинченко во 74.минута.
Крисрал Палас загуби на домашен терен од Евертон со 3:2, а во првиот дуел Вулверхемптон го победи Тотенхем со 2:1.
Арсенал со 27 бодоби е втор исто колку што има и лидерот Манчестер Сити, додека Манчестер Јунајтед се проби на шестото место со 21 бод.





































