Во НБА лигата ноќеска се одиграа само два натпревари кои беа решавани во самата завршница.

Милвоки без Демијан Лилард гостуваше кај Индијана од која загуби минимално со 124-126.

Бадијала беа 54 поени и12 скока на Јанис Антетокумпо бидејќи Гркот загуби две топки кои на крајот решаваа за поразот.

По тие грешки на Антетокумпо , прво  Бенедикт Матурин на осум секунди пред крајот погоди две слободни фрлања за 124:121. На спротивната страна Крис Мидлтон промаши тројка на 6,2 секунди до крајот, а Брус Браун од линијата за слободни го доведе домаќинот на плус пет и затвори приказната.

Тајрис Халибартон постигна 29 поени со десет асистенции и шест скока, Матура имаше 26 поени со 11 скока, а Мајлс Тарнер додаде 21 поен и шест скока.

Драматично беше до самиот крај во Орландо, каде Хокс победија со 120:119.

Последниот кош на натпреварот беше тројката на Мареј на 31 секунда до крајот. На спротивната страна Паоло Банкеро промаши тројка за победа на Орландо, Хоукси се радуваа на триумф.

Кај победникот Тре Јанг постигна 41 поен со осум асистенции, а Џејлен Џонсон 19 поени со девет скока. Во поразот Џејлен Сугс постигна 21 поен, а Банкеро 17 поени и осум скока.