Репрезентациите на Македонија и Англија на 20 ноември во Скопје ќе играат во последното коло од квалификациите за ЕУРО 024-та. 

Англискиот селектор Саутгејт, се соочува со проблеми бидејќи двајца клучни фудбалери се повредија. 

Станува збор за одличниот напаѓач на Арсенал, Букајо Сака, како и клучниот дефанзивец, Џон Стоунс од Манчестер Сити. 

Ваквата информација ја пласираа нивните тренери Артета и Гвардиола кои потврдија дека фудбалерите имаат повреди и дена на нив нема да сметаат во наредниот период. 

Сака постигна гол во вчерашната победа на Арсенал над Севилја, а подоцна го напушти теренот. Стоунс пак се повредил во вторникот на дуелот од Лигата на шампионите против Јанг Бојс. 

Англија која е лидер на табелата во „Ц“ групата, на 17 ноември ја пречекува Малта, а на 20-ти ќе гостува во Скопје на Македонија.