Македонскиот вицепрвак Алкалоид во вторник (14 ноември) ќе го игра третиот натпревар во ЕФХ Европската лига. 

Алкалоид кој сезонава дебитира на европската сцена повторно ќе биде домаќин.

Во Скопје во рамките од третото коло на „Ф“ групата, ќе гостува данскиот тим Бјерингбро Силкеборг. 

За мечот што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 18.45 часот, денеска се пуштени во продажба картите, преку продажната мрежа на MKTickets.