Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи денеска нема да се игра.

Дуелот од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Работнички и Шкупи е одложен.

Причината е очајната состојба на теренот на стадионот „Борис Трајковски“ во скопската населба Маџари.

Обилните врнежи од дожд го претворија теренот повеќе во базен отколку фудбалско игралиште.

Услови за игра нема, па од ФФМ ќе треба да најдат нов термин за одигрување на овој натпревар.