На домашната спортска сцена, денеска еден натпревар и тоа во женската одбојкарска Прва лига.

Во Кисела Вода, вечерва ќе играат одбојкарките на Јанта Волеј и Работнички Скопје.

Ова е натпревар од 2.коло на новата сезона, во која токму овие две екипи се и главните претенденти за највисок пласман.

Двата тима доминираа минатата сезона во која играа и во финалната серија во битката за шампионскиот трофејот.

Вечерашниот дуел меѓу Јанта Волеј и Работнички Скопје ќе почне во 20 часот. Истиот може да го гледате низ директен пренос на МРТ3 или ОВДЕ