Фудбалерите на Тотенхем се радуваа на осмата победа сезонава во Премиер лигата со што се зацврстија на врвот на табелата.

Во водениот натпревар од 10.коло, Тотенхем како гостин го победи Кристал Палас со 2:1.

По досадното про т полувреме во второто три гола и големи возбудувања.

Гостите поведоа благодарение на авто-голот на Ворд во 53-тата минута. Веќе во 66-та Хеуг Мин Сон зголеми на 2:0.

Попуштија уште две големи шанси „спарси“ да стигнат до трет гол и рутинирано да го приведат натпреварот кон крајот.

Затоа во судиското дополнение, Џордан Ајеви намали на 1:2 и завршните минути ги направи уште по неизвесни.

Но немаа домаќините сили за втор гол па Тотенхем, славеше со 2:1.

Сега Тотенхем има 26 бодови, пет повеќе од Манчестер Сити и Арсенал кои се на второто и третото место.

Кристал Палас, со 12-те бодови, барем засега останува на 11-тото место.