Машката кадетска репрезентација на Македонија, од денеска ќе го започне настапот на турнирот „Трофеј Карпати“

Избраниците на Наум Танески, во романскиот град Плоешти, ќе играат проти домаќинот и  селекциите на Црна Гора и Египет.

Токму со дуелот против африканскиот претставник, македонската селекција ќе го отвори турнирот, со мечот чиј почеток е во 14:30 часот.

Утре, нашите ракометари ќе играат против домаќинот Романија во 16:30 часот, а потоа (сабота 28 октомври) следува натпреварот против Црна Гора (9:30 часот).

Настапот на овој турнир е дел од подготовките за квалификациите за ЕП 2024 што ќе се играат во Скопје. Противници на нашите кадети ќе бидат селекциите на Словачка, Швајцарија и Косово.