Младоста, полетноста, желбата да докажување, ќе бидат адутите на македонскиот вицепрвак Алкалоид во деби сезоната на европската сцена.

Капитенот на Алкалоид, Игор Ѓоргиев пред утрешниот натпревар со Војводина, вели дека тимот е подготвен и силно мотивира за стартот на европската авантура.

„Лани како млада екипа направивме голем успех со тоа што завршивме на втората позиција и се пласиравме во Европската лига на ЕХФ.

Прв противник ни е Војводина која е актуелен шампион на Србија и има квалитетен тим. Како капитен можам да кажам дека сме подготвени, мотивирани и со желба за докажување.

За нас овие натпревари ќе бидат едно големо искуство.

Сакал да испратам порака до македонската јавноста да дојдат утре и да ни дадат поддршка“, изјави Ѓоргиев.

Утрешнот натпревар меѓу Алкалоид и Војводина ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 20.45 часот.

Картите кои се со симболична цена 100 и 150 денари. Може да ги купите може да се купат преку мрежата на „MKTickets“ (на следниот линк ОВДЕ).