Во Мото ГП шампионатот се разжештува борбата за шампионскиот трофеј.

Викендов на програмата е трката за Големата наградата на Индонезија.

Шпанецот, Хорхе Мартин ја пезнема лидерската позиција во Генералниот пласман од актуениот шампион Пако Бањаја.

Возачот на Примак рејсин, победи на спринтот, а Бањаја заврши осми, па сега Шпанецот има 7 бодови повеќе од актуелниот првак.

Инаку тимот на Дукати четврта година во низа ја освојува титулата во конкуренција на конструктори.

Возбудувањата на утрешната трка беа најавени уште во квалификациите.

Италијанецот, Лука Марини ќе ја има пол-позиција. Возачот на „Мани ВР6“ тимот беше најбрз на квалификациите.

До својата прва пол-позиција во кариерата, Италијанецот стигна за само 31.илјадите дел од секундата побрзо од Шпанецот, Маверик Винаљес на Априлија.

Првиот стартен ред ќе го пополни неговиот сонародник и тимски колега Алекс Еспаргаро.

Стартот на Грант-прито на Индонезија е закажан за 9 часот наутро.