Со три натпревари попладнево започнува 3.коло во Првата машка кошаркарска лига. 

Повратникот во елитната конкуренција Вардар, ќе се обиде да ја оствари и третата победа. Вардарци пред својата публика го пречекуваат ТФТ кој се врати од првиот турнир во АБА2 лигата со два порази. 

На втор триумф ќе атакуваат и кошаркарите на Работнички кои гостуваат на „жешкиот“ терен во Чаир.

Академија ФМП е тимот на кој сезонава екипите ќе ја поправаат својата кош разлика, во таква ситуација денеска ќе биде Феникс. 

Два натпревари ќе се играат утре, а дербито е во среда.

Откако вчера играа во АБА2 лигата, МЗТ Скопје и Пелистер ќе се судрат и во дербито на оваа прволигашка рунда. Натпреварот со кој ќе биде комплетирано колото, ќе се игра во Битола.

Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 3. КОЛО
14.октомври (сабота)
18.00 ВАРДАР – ТФТ 
19.00 ЧАИР – РАБОТНИЧКИ
20.00 АКАДЕМИЈА ФМП – ФЕНИКС
15.октомври (недела)
17.00 ГОСТИВАР – ЕУРО НИКЕЛ
18.00 КОЖУВ – ОХРИД
18.октомври (среда)
18.30 ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

СИТЕ АКТУЕЛНОСТИ СЛЕДЕТЕ ГИ ОВДЕ
НАТПРЕВАРИ ВО ЖИВО