Македонскиот одбојкарски шампион Работнички Скопје, за загуби првиот меч против екипата на Лугој. Во натпреварот од 1.коло во квалификациите за ЏЕВ Челенџ Купот, Работника е поразен со 3:0 во сетови.

Романската екипа која лани играше во финалето токму на ова натпреварување, ја потврди фаворитската улога.

Домаќинките мечот го започнаа со 6-0. Таа негатива македонскиот шампион постојано ја бркаше, но најмногу што успеа да стори е да намали на -3. Лугој го доби првиот сет со 25-18.

Речиси по ист терк романската екипа го доби и второто сет уште по убедливо со 25-20 за водство од 2:0.

Во третиот. По стартното водство на Работнички, домаќинот направи серија од 12-0, па јасно на крајот го доби сетот со 25-17; а мечот со 3:0.

Така, Лугој го доби првиот меч против нашиот шампион, а веќе утре овие два тима ќе го одиграат и реваншот.