Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, денеска во Цирих ја прими делегација на Фудбалската федерација на Македонија, предводена од претседателот Муамед Сејдини.

Покрај првиот човек на македонскиот фудбал, ФФМ ја претставуваа генералниот секретар, Наталија Божиновска Илиевска и Владимир Гашевски, член на Управниот одбор.

Во текот на состанокот на кој присуствуваше и директорот на ФИФА за асоцијации членки на Светската организација, се разговараше за низа важни фудбалски прашања, можностите што ги нуди програмата ФИФА „Forward“ за поддршка на асоцијациите, како и вложувањата во инфраструктурата и женскиот фудбал.

„Фудбалската федерација на Македонија ги поддржува напорите што ФИФА ги прави за развојот на фудбалот преку процесите што ги постави претседателот Џани Инфантино.

Под негово раководство, ФИФА направи значајни чекори напред и инвестира во развојот на фудбалот ширум светот “,

изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Сејдини истакна дека ФФМ успешно ги користи расположливите средства и разговаравме на кои други начини можеме да работиме со ФИФА за да продолжиме со развој на фудбалот во Македонија.

„Беше пријатно да се слушнат бројни комплименти за нашата работа и репрезентацијата, а наша обврска е да продолжиме да работиме напорно и да инвестираме за да го оправдаме угледот што ФФМ го ужива во фудбалскиот свет со понатамошни резултати“, додаде Сејдини.