Последен ден на натпреварите во „А“ квалификациската група за ФИБА Еврокупот, чиј домаќин е Скопје.

Со СЦ „Кале“ денеска се играат дуелите од последното 3.коло кое ќе репи која екипа ќе оди во следната фаза.

Македонскиот претставник Работнички по двата порази и теоретски ги загуби шансите за место во следната рунда.

Така на токот од „Градски парк“ му останува само да ја одбрани честа и да оствари барем една победа. Тоа екипата предводена од тренерот Димитар Мираковски ќе треба да го стори во дуелот со холандскиот Донар Гронинген.

Натпреварот ќе се игра во терминот од 20.30 часот.

Претходно, од 17.30 часот, во директен дуел за првото место ќе играат романската екипа Динамо Букурешт и Сабах од Азербејџан.

Потсетување дека во ова натпреварување мак-баскетот имаше и втор претставник. Екипата на Феникс својата авантура во Никозија, за заврши со два убедливи порази.

СЕ ЗА НАСТАПИТЕ НА РАБОТНИЧКИ И ФЕНИКС