Големото дерби во Премиер лигата, меѓу Тотенхем и Ливерпул понуди одличен фудбал, во кој победникот беше решен со авто-гол во судиското дополнение. 

Тотенхем славеше со 2-1 благодарение на авто-голот на Матип (90+6). 

Но, она што го одбележа мечот е катастрофалната арбитража.

Пред водството на Тотенхем, на Ливерпул му беше поништен чист гол. Главниот судија, Сајмон Хупер  покажа дури 10 жолти картони, а гостите од „Енфид“ средбата ја завршија со двајца фудбалери помалку. Беа исклучени Џонс (26.минута) и Жота (69). 

На социјалните мрежи веќе се појавија бројни видеа и фотографии, со многуте грешки на судиите. 

Дел од нив може да видите во продолжение.