Ракометарките на Чаир и по втор пат се убедливо поразени во тимот на Венло во меч од ЕХФ Европскиот куп.

На реванш дуелот одигран во Холандија, екипата на загуби со 43:18.

Домашниот тим кој во Скопје победи со 39:26, и во реваншот немаше „милост“.

Победата Венло ја најави уште од самиот почеток кога поведе со 7:1 уште во 8-тата минута. Холандскиот тим од минута во минута, за на полувремето резултатот да гласи 22:9.

Јасно беше дека Чаир нема што да бара на овој меч, па на крајот резултат гласеше 43:18.

Така, Чаир по Куманово која минатата недела ги загуби двата натпревари на гостувањето кај швајцарскиот Херцогенбуше, го заврши својот настап на европската сцена.

Затоа пак, македонскиот шампион Ѓорче Петров е пред пласман во следната рунда.

Ѓорчепетровки утре во Црна Гора му гостуваат на Тиват кого на првиот меч во Скопје го совладаа убедливо со 43:22.

„Лавиците“ рутинирано треба да го одиграат мечот што ќе почне од 19 часот и да се пласираат во следното коло.

Ивона Кимовска