Во англиската Премиер лига попладнево се одиграа четири натпревари. 

Дербито беше во Лондон каде Арсенал и Тотенхем одиграа 2-2, а Бакајоко Сака и Неинг Мин сон постигнаа по два гола.

Домаќините поведоа во 26-тата минута. По ударот на Сака, топката ја зафати Ромеро и го измами својот голман. 

И по голот се продолжи со отворена игра. Гостите притискаа да стигнат до израмнување, а тоа им успеа преку Кореанецот, Сон во 42-та минута.

Во вториот дел, во само две минути два гола. Ромеро играше со рака во шеснаесетникот на Тотенхем. Пеналот го реализира Сака за 2-1 во 53.минута. Веќе во 55-тата по брзата контра, Сон израмни на 2-2

На останатите натпревари. 

Ливерпул славеше над Вест Хем со 3-1, а со ист резултат Брајтон го победи Бурнемаут.

Челзи на домашен терен загуби од Астон Вила со 0-1.