Избраниците на Симоне Инзаги продолжија со одличните резултати во Серија А. Интер со минимални 0:1 го совладаа Емполи, за максимални 5 од 5 на стартот на сезоната.

Нероаѕурите влегоа како големи фаворити против Фенерџијата Емполи па сосема очекувано нападнаа уште од самиот старт.

Сепак и покрај големата инцијатива и шанси резултатот остана непроменет во првиот дел.

Во вториот дел гостите од Милано продолжија со нападите а истото се исплатеше во 51-та минута кога Димарко конечно го скрши отпорот на домаќините за водство од 0:1.

До крајот на натпреварот избраниците на Инзаги го намалија интензитетот а Емполи немаше сили за изненадување па резултатот остана 0:1.

За Интер ова е петта победа додека пак за Емполи петти пораз