Во Првата македонска лига денес се одиграат сите шест натпревари од осмото коло.

Продолжува кризата кај Брера Струмица. Четврт натпревар по ред каде што струмичани не знаат за победа. Кратовски Силекс прв стигна до водство во 25-минута со голот на Марко Ѓорѓиевски. Младиот Димитар Трајков во 76-минута го изедначи резултатот и ги постави конечните 1:1.

Екипата на Гостивар славеше на гостински терен кај скопски Вардар.

Со оваа победа гостиварчани им го отстапија последното место токму на денешниот противник, екипата на Вардар. Во 31-минута Ланре ја затресе мрежата на вардарци и донесе водство од 1:0. Конечните 2:0 ги постави Закпа во 88-минута од натпреварот.

Шкендија брзо го заборави поразот во Кратово и пред својата публика се израдува на нова победа. Чинари во 59-минута донесе водство за екипата од Тетово, на крај се покажа како решавачки во победата над Македонија ЃП.

Алекса Марушиќ по само 12 секунди игра донесе водство за екипата на Воска Спорт. Со овој погодок само ги мотивираа повеќе гостите од Чаир кои уште во првиот дел го вратија водството. Суад Сахити во 13-минута го изедначи резултатот и го најави пресвртот. Дуду од пенал во 33-минута донесе целосен пресврт, а Арби Воша во 53-минута зголеми на 3:1. Домаќинот не се предаде и до самиот крај успеа да го ублажи поразот на 3:2. Стрелец на голот беше Алекса Марушиќ од пенал.

Во Кавадарци домаќинот Тивеш со пресврт славеше над Брегалница. Штипјани подобро го започнаа натпреварот и во 23-минута со голот на Андерсон дојдоа до водство од 1:0.

Вториот дел им припадна на домаќините. Спахиу во 51-минута ја искористи грешката на гостите и резултатот гласеше 1:1. Конечните 2:1 беа ги постави Иван Ивановски во 90-минута и го остави трите бода во Кавадарци.

Шампионот Струга доста тешко стигна до посакуваните три бода. Во првиот дел Бесарт Ибраими пропушти шанса од пенал да го отвори резултатот. Бедемот на Работнички попушти во вториот дел. Арди Идризи во 50-минута кој го постигна единствениот гол на натпреварот.

ПРВА ЛИГА – 8.КОЛО
АП БРЕРА СТРУМИЦА – СИЛЕКС 1:1
ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП  1:0
СТРУГА – РАБОТНИЧКИ 1:0
ТИКВЕШ – БРЕГАЛНИЦА 2:1
ВАРДАР – ГОСТИВАР  0:2
ВОСКА СПОРТ – ШКУПИ 2:3

Standings provided by Sofascore