Македонскиот шампион Ѓорче Петров прави голем чекор во 1/16-финалната фаза на ЕХФ Европскиот куп. 

Ѓорчепетровки го пречека тимот на Тиват во втората квалификациска рунда и во првиот меч ја завршија работата. Славеше Ѓорче убедливо со 43:22.

Натпреварот стартуваше со по еден гол на двете страни, по што следеше серија од 2-0 на Ѓорче Петров и водство од 3:2.

Ѓорче во 13-тата минута успеа да поведе со 8:4. Домашната екипа ја зголеми разликата на +5 во 19-тата минута. Македонскиот шампион успешно ја одржуваше оваа предност до крајот на првата половина. Па на полувреме заминаа со водство од 20:10.

Во втората половина Ѓорче Петров само ја зголемуваа предноста и во 39-тата минута на 30:14.

Тиват во неколку наврати се обиде да ја намали негативата македонскиот шампион не дозволи.

Домаќинот во 51-та минута успеа да поведе до максимални +19 (38:20). Конечниот резултат беше 43:22.

Најефикасни од Ѓорче Петров беа Ана Марија Коларовска со десет погодоци и Ива Божиноска со осум.

Реваншот се игра за седум дена во Црна Гора, но повеќе од јасно е дека 11-те гола се огромна предност за Ѓорчепетровки.

Ивона Кимовска