Екипите на белградски Партизан и Спортски Центар Дерби ќе играат во финалето на АБА супер купот во Подгорица.

Очекувано актуелниот шампион Партизан си обезбеди финале со победата над Игокеа. Но, големо изненадување е победата на Дерби во полуфиналната црногорска пресметка со Будуќност.

Ќе може ли тимот на СЦ Дерби да направи уште еден голем подвиг и да го совлада Партизан, останува да видиме по натпреварот закажан за 21 часот.

Претходно ќе се одиграат натпреварите за пласман.

за 7 место
12.00 ЦЕДЕВИТА ОЛИМПИЈА – ФМП
за 5 место
ЗАДАР – МЕГА БАСКЕТ
за 3 место
ИГОКЕА – БУДУЌНОСТ
Финале
21.00  ПАРТИЗАН – СЦ ДЕРБИ