Новата сезона во регионалната АБА лига започна со натпреварите во Супер купот што се игра во Подгорица. 

Екипите на Партизан и Игокеа го формираа првиот пар за полуфиналето. 

Во првиот дуел од четвртфиналната рунда големо изненадување направи Игокеа со победата на Цедевита Олимпија со 75-65. 

Актуелниот шампион Партизан, потешко од очекуваното ја совладаа екипата на Мега со 89-78.  

Така утре Партизан и Игокеа ќе играат во полуфиналето, а Мега и Цедевита Олимпија ќе разигруваат за пласман од 5 до 8 место. 

Кој ќе биде вториот полуфинален пар ќе дознаеме до дуелите, Будуќност – Задар (од 18 часот) и ФМП Железник – СЦ Дерби (21 ч.)

Натпреварите за конечниот поредок меѓунив и финалето ќе се играат во среда.