Македонскиот вице-првак Алкалоид, сезонава ќе го има своето деби на европската сцена. Алкалоид ќе настапи во второто по квалитет натпреварување ЕХФ Европската лига.

Во претставувањето на официјалната страна на ЕХФ, тренерот и македонски селектор Кирл Лазаров, вели дека тимот има за цел, да го претстави победничкиот менталитет.

Исклучително младатата екипа е во „Ф“ групата.

Во неа за противници ќе ги има Бјерингбро-Силкеборг, Логроњо Ла Риоха и победниците на ЕХФ Европскиот куп, српската Војводина.

Сепак, Лазаров и неговите избраници се мотивирани и со надежен дека ќе се претстават во најдобро.

„Настапот во Европската лига на ЕХФ е ново поглавје и искуство за нас како клуб.

Ќе играме против веќе добро етаблирани тимови во клупските натпреварувања на ЕХФ. Нашата цел е да се подготвиме и да го започнеме секој натпревар со позитивни мисли, како победнички менталитет затоа што ја претставуваме нашата земја и во Европа.

Конечно, едвај чекаме да започне Европската лига на ЕХФ и ќе се обидеме да се претставиме како конкурентен тим кој никогаш не се предава“,

вели Лазаров.

Дебито на европската сцена, Алкалоид ќе го има пред домашната публика на 17 октомври за кога е закажан дуелот со Војводина (20.45 часот)