,,Аѕирите” брзо го заборавија неуспехот во Скопје и со 2:1 ја совладаа селекцијата на Украина за втора позиција на табелата.

Јунак на Италија беше играчот на Интер, Давиде Фратези, кој со два гола во 12-тата и 29-тата минута донесе предност од 2:0.

Украинците се вратија во натпреварот преку Јармоленко во 41-тата минута, кога намалија на 2:1.

Сепак ,,Аѕурите” паметно ја чуваа предноста во вториот дел и дојдоа до победа.

Со овој резултат и Италија дојде до 7 бода, колку што имаме и ние и Украина, но поради најдобра гол разлика, Италија е второпласирана.