Фантастичен старт на македонските фудбалери на гостувањето во Ла Валета. 

Македонија по првиот дел има водство од 2:0 против Малта по првиот дел, во натпреварот од „Ц“ групата во квалификациите за ЕУРО 2024-та. 

Водството дојде по само пет минути игра во со евроголот на Ељиф Елмас. 

По корнерот на Барди од левата страна, Јован Манев во 41-та со дебитантскиот гол зголеми на 2:0.