Актуелниот европски шампион Италија утревечер ќе биде противник на Македонија во евро-квалификациите.

Азурите се во Скопје, и веќе имаа можност да се запознаат со арена „Тодор Проевски“.

Имајќи во предвид дека ситуацијата со теренот не е сјајна, Италијанците сами можеа да се уверат.

Наместо вообичаениот тренинг, ден пред натпреварот тие само си истераа „корзо“ на националната  арена.