Франческо Бањаја денеска ќе стартува од пол позицијата на патеката Барселона за ГН на Каталонија.

Тој доминираше во квалификациите, но на спринт трката заврши на второто место зад возачот на Априлија, Алеиш Еспаргаро.

Дека на дозачите на Априлија им лежи трката во Барселона говори и фактот дека и вториот возач Маверик Вињалес заврши на третото место во спринт трката.

12-те бода наменети за победникот на спринт трката на Алеиш Еспаргаро му ја донесе 5-тата позицијата на табелата кај возачите со 129 бода.

Лидер е Бањаја со 260 бода, пред Мартин со 194 и Бецеки со 185 бода на третото место.

Фабио Квартаро разочара со пласманот на 18-тото место на спринт трката.

Трката за ГН на Каталонија на патеката Барселона се вози денеска од 14.часот.

(ВИДЕО) Нема кој да го запре Бањаја и во Барселона. Италијанецот стигна до нова пол-позиција