Италијанецот Франческо Бањаја од Дукати ќе стартува од пол позицијата на утрешната 11-та трка од светскиот шампионат во мотоциклизам.

По еднонеделната пауза овој викенд се вози трката за ГН на Каталонија на патеката во Барселона.

Актуелниот лидер и шампион Бањаја постигна најбрзо време во квалификациите од 1:38.639 минути и по 6-ти пат сезонава ќе стартува од првото место на утрешната трка

Веднаш до него ќе биде Шпанецот Алеиш Еспаргаро од Априлија кој го имаше второто најдобро време од 1:38.743. Третото место го зазеде Мигел Оливеира од тимот на Крипто Дата.

Следуваат: Вињалес, Мартин, Зарко, Алекс Маркез, Џианантонио, Биндер и Марко Бецеки до 10-тата позиција.

Денеска на програмата исто така е и спринт трката која е закажана за 15.часот, а главната трка е закажана за утре (недела) од 14.часот.

Денеска квалификации и спринт трка во Мото ГП на патеката Барселона во Каталонија