Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 20 часот го игра вториот натпревар од групата Ц од Европското првенство. Противник ни е селекцијата на Црна Гора.

Македонија ја има улогата на ко-домаќин што значи дека вечерва пред домашната публика македонските одбојкари ќе се обидат да ја „запишат“ втората победа во групата и со тоа да ја „подотворат“ вратата за осминафиналето во Бари.

Според најавите за вечерва се очекуваат исполнети трибини во СЦ „Борис Трајковски“.

По триумфот над Данска во првиот натпревар (3:1), македонските одбојкари во позитивна атмосфера го пречекуваат вториот ривал.

Но, и овој дуел ќе биде исклучително важен. Ќе треба да се игра пред се мудро, бидејќи важноста на победата е голема.

Нашиот вечерашен ривал, како и Македонија, го игра третото Европско првенство (на двете претходни во вкупниот пласман беше едно место зад Македонија). Во првиот натпревар Црна Гора загуби со 3:0 од Холандија.

Од денешната програма од 17 часот играат Холандија и Чешка, додека од 20 часот е натпреварот меѓу Македонија и Црна Гора.

За Македонија и Црна Гора ова е втор натпревар, додека Холандија и Чешка ќе го играат дуелот од третото коло.

По третиот ден од натпреварите на во Ц групата прва е Полска со 6 бодови (6:1 сетови), следи Македонија 3 (3:1 сетови), Холандија 3  (4:3), Чешка 3 (3:4 сетови), Црна Гора 0  (0:3 сетови) и Данска 0  (2:6).