Нова пол позиција за актуелниот лидер, возачот на Ред Бул, Макс Верстапен на патеката Зандворт за ГН на Холандија.

За домашниот возач кој вози пред своја публика ова е осма пол позиција сезонава или вкупно 21-ва во кариерата.

Верстапен го извозе најбрзиот круг во последните секунди од квалификациите откако на два пати беа прекинувани поради излетувањата на Сарџент од Вилијамс, а подоцна и на Леклерк од Ферари.

Тој постави време од 1:10:567 секунди што беше за 0.537 секунди побрз од Норис од Мекларен и уште еден британец од редовите на Мерцедес, Расел кој заостана зад Макс, 0.727 секунди.

Најдобрата 10-ка ја сочинуваат уште и изненадувањето Албон од Вилијамс кој утре ќе стартува од 4-тото место. Следуваат Алонсо, Саинц, Перез, Пиастри, Леклерк и Сарџент.

Разочара Луис Хамилтон од Мерцедес кој утре ќе ја почне трката од 13-тото стартно место.

Трката за ГН на Холандија е утре од 15.часот.