Италијанскиот пливач Алесио Окипинти е победник на 36-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид ја исплива за 4:53:14 часа, што е нов рекорд на патеката.

Аргентинецот Матијас Дијаз заврши како втор, додека третото место му припадна на уште еден Италијанец, Марко Инглима. Нашиот најдобар пливач Евгениј Поп Ацев заврши како четврто пласиран со 15.минути и 17 секунди, послаб резултат од победникот.

Во женска конкуренција најдобра беше Французинката, Каролин Жуис, која целта ја мина во време 5:05:59 часа.

Втора беше Туна Ердоган од Турција додека третото место и припадна на Аргентинката, Ерика Јенсен.

Прогласувањето на победниците и доделувањето на наградите, ќе се одржи вечерва во дворот на хотелот „Палас“ со почеток во 20 часот.