германскиот вице-првак Борусија Дортмунд се изнамачи да освои само бод на гостувањето кај Бохум. Дуелот од 2.коло на Бундес лигата меѓу Бохум и Борусија Дортмунд заврши без победник со 1-1. 

Домаќините поведоа уште во 13-тата минута. Тоа беше „мат“ во три потега. По долгата топка упатена од сопствената половина, убаво спушти Витек, а Кевин Стогерг бише силно и прецизно, немоќен беше Кобел.

„Милионерите“ не се откажаа. Напротив. Притиснаа со сите сили, но до крајот прв првиот дел но не успеаја да ја анулираат негативата.

Тоа сепак на гостите од Дортмунд им успеа во вториот дел. Со прекрасниот гол на Холанѓанецот, Дониел Мален во 56-тата минута Борусија израмни на 1-1. 

До крајот на натпреварот, иако гостите од Дортмунд се обидуваа да стигнат до нов гол и победа, сепак фудбалерите на Бохум одолеаја на нападите па резултатот остана 1-1.

Од останатите натпревари, играни во ист термин, ја издвојуваме победата на Унион Берлин кој на гостувањето кај Дармштад славеше со 4-1 иако 80 минути имаше играч помалку.