Екипата на Тотенхем ја оствари втората победа во новата сезона на Премиер лигата. Во дуел од третата рунда Тотенхем славеше на гостувањето кај Борнемут со 2-0.

Дека Тотенхем знае да победува и без Хери Кејн, покажа денешниот натпревар. Гостите одлично го започнаа натпреварот и веќе во 17-тата минута поведоа со 1-0. 

По одличното проигрување на Сар, одлично во празно се уфрли новото засилување Џејмс Медисон, кој го впиша својот „првенец“ во дресот на „Спарси“. 

речиси на идентичен начин беше постигнат и вториот гол. Се играше 63-тата минута кога по двојното проигрување на Удоги и Сон, на вистинското место се најде Дејан Колушевски. 

Тотенхем сега избива на првата позиција на табелата со бод повеќе од перфектните досега, Манчестер Сити, Арсенал и Брентфорд. Овие три тима допрва ќе ги играат натпреварите од четвртата рунда.

За Тотенхем за кого ова е втора победа (во претходното коло го совлада Манчестер Јунајтед) во следната рунда ќе игра против Барнли, додека Борнемут гостува кај Брентфорд.