Денеска во Охрид ќе се одржи 36-от пливачки маратон.

На добро познатата патека „Климе Савин“ од пристаништето кај Свети Наум па се до охридското пристаниште, вкупно 15 натпреварувачи ќе треба да испливаат 25 километри. 

Од нив дури шестмина ќе ја преставуваат Македонија. Ивана Неделковска и Јована Неделковска, во женска, односно Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Кристијан Стојановски во машка конкуренција.

Ќе настапат и пливачи од пет земји: Италија (3), Аргентина (2), Турција (2), Холандија (1) и Франција (1).

Маратонот е во организација на ПК Охридски бранови, со поддршка на Општина Охрид, Пливачката федерација и Агенцијата на млади и спорт.

Наградниот фонд изнесува 12000 евра, а стартот е закажан за 10 часот.

Листа на учесници на 36-от Охридски пливачки маратон