Македонската кикбокс репрезентација предводена од претседателот Дејан Митровски Урко, замина на ВАКО Европското првенство за јуниори, кадети и деца, кое ќе се одржи во Истанбул, Турција.

На овој престижен кикбокс натпревар, учество ќе земат, 1640 натпреварувачи, во 2079 натпреварувачки влезови од 38 европски држави.

Македонската репрезентација е составена од 6 натпреварувачи, двајца тренери, и еден судија.

Во состав на нашата репрезентација учество обезбедија: Јадранка Темелкова, Марија Димовска, Нелсон Узеир, Туркер Исмаил, Силвио Мировски и Петар Илковски. Тие ќе бидат предводени од тренерите Дејан Митровски Урко и Драган Атанасовски.

Противниците и официјалниот распоред ќе го дознаеме во недела.

Во склоп на првенството ќе се одржи и Генералното собрание на ВАКО Европската федерација, на кое учество ќе земат претседателот на КМФМ Дејан Митровски Урко и генералниот секретар Драган Атанасовски.

„Им посакувам успех на сите членови на нашата репрезентација и посакувам европски медали од Македонската кикбокс младина. Искажувам јавна благодарност до Агенцијата за млади и спорт, до Македонскиот олимписки комитет и до Јома Спорт за помошта и поддршка за учество на ова европско првенство. Сигурен сум дека уште еднаш ќе ја оправдаме нивната доверба во нас“, изјави претседателот на КМФМ – Дејан Митровски – Урко