Единствената македонската претставничка на Светското првенство маратонката Адријана Поп Арсова не ја заврши денешната маратонска трка низ улиците на Будимпешта.

Таа имаше последна контрола по 22 километар по што се откажа. Причина за откажувањето е тоа што за време на трката и се слошило поради топлото време, а по укажаната помош состојбата и е добра.

Иако маратонот се трчаше во утринските часови температурата беше околу 25 степени и влажност на воздухот од 70%.

Ова за македонската маратонка беше второ учество на Светско првенство по ланското во Јуџин, САД.

Светска шампионка и освојувачка на златниот медал стана Амане Шанкуле од Етиопија со време 2:24.23 часа. Среброто и припадна на нејзината сонародничка Готитом Гебреселасие која имаше време 2:24.34 часа, а бронзата ја освои Фатима Гардади од Мароко – 2:25.17 часа.