Вториот натпреварувачки ден на Светското кошаркарско првенство не донесе ниту едно изненадување.

Напротив. Фаворитите и тоа како ги оправдаа улогите во дуелите од првата рунда.

Нај убедлива беше Србија која со 42 поени разлика ја совладаа Кина.

Актуелниот шампион Шпанија со 30 беше подобар од Брегот на Слоновата коска. Американците со 27 разлика го совладаа Нов Зеланд, а Словенија и Дончиќ  ја надиграа Венецуела со 15 разлика.

Најнеизвесниот натпревар го одиграа Јужен Судан и Порторико, а победникот беше решен по продолжението.

РЕЗУЛТАТИ ОД ВТОРОТ ДЕН НА МОНДОБАСКЕТ
Јужен Судан – Порторико 96:101 по проджение
Зеленортски Острови – Грузија 60:85
Јордан – Грција 71:92
Иран – Бразил 59:100
Словенија – Венецуела 100:85
Србија – Кина 105:63
САД – Нов Зеланд 99:72
Шпанија – Брегот на Слоновата Коска 94:64