Екипите на Манчестер Сити и Севиља вечерва во Атина ќе играат за трофејот во УЕФА Супер Купот.

Дуелот на освојувачот на Лигата на шампионите против победникот во Лигата на Европа, секогаш привлекувал големо внимание.

Така се очекува да виде и вечерна на стадионот „Георгиос Караискакис“ на Пиреја.

Сити и Севиља лани играа меѓусебно во групната фаза на Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола победи со 4-0, на домашен терен а на гости со 3-1

Манчестер ја продолжи победничката низа се до финалето против Интер во Истанбул, каде се закити со шампионскиот трофеј.

Севиља елиминацијата од лигата на шампионите не ја сфати трагично. Тимот кој е специјализира за Лига Европа, повторно успеа да издоминира и да стигне до нов трофеј.

Така двете екипи се изборија вечерашното финале во Супер купот, осмо меѓу англиските и шпанските. Англичаните беа поуспешни на четири во претходните седум соочувања со Шпанците.

Ако се гледа на традицијата таа е на страната на победниците во Лигата на шампионите. Тие  излегувале како победници на девет од последните десет натпревари. Исклучок е Атлетико  Мадрид кој славеше над градскиот ривал Реал во 2018 година.

Доколку триумфира Сити ќе стане шестиот англиски тим кој го освоил Суперкупот и трет за пет години. Претходно тоа им успеа на Ливерпул во 2019-тата и Челзи во 2021 година.

Ова е седми настап за Севиља во Суперкупот. Повеќе од андалузиската екипа имаат само шпанските ривали Барселона (девет настапи) и Реал Мадрид (осум).

Токму шпанските екипи се рекордери со 31 настап во Супер купот. Досега тимовите од Ла Лига го освоиле 16 пати трофејот во ова натпреварување.

Сити сака да стане 25-тиот клуб кој го подигнал трофејот.

Кој на крајот ќе ја продолжи статистиката, и каква ќе бидеа таа останува да видиме.

Борбата за Супер купот трофејот меѓу Манчестер Сити и Севиља ќе започне од 21 часот .