Митот за не победливост на Севиља во финалињата од Лигата на Европа продолжува. Шпанскиот тим на пенали ја совлада Рома и дојде до историска седма титула во оваа натпреварување, со што дополнително се зацврсти на листата со најмногу освоени трофеи.

Јунак на шпанскиот тим, беше голманот Боно, кој ги одбрани пеналите на Манчини и Ибањез и со тоа му го нанесе првиот пораз на Мурињо во европско финале, и го однесе својот тим во Лигата на Шампионите.

Како што и се најавуваше, гледавме натпревар со многу тактичко надмудрување, натпревар во кој Севиља ја држеше топката во свој посед, а избраниците на Мурињо, по негови инструкции ги чекаа своите шанси.

Првата сериозна шанса за гол ја имаше Леонардо Спинацола во 13-тата минута, но феноменалниот Боно, успеа да излезе како победник во нивниот дуел.
Вистинска мешаница настана во 32-та минута, кога Абрахам беше фаулиран а ВАР му сигнализираше на главниот судија Тејлро, дека треба да прегледува евентуален пенал. По прегледувањето на снимката Тејлор одлучи дека нема доволно елементи за најстрога казна.
Само три минути подоцна, настана вистинска ерупција во делот со поддржувачи на Италијанскиот тим, кога Дауло Дибала со мајсторски удар го остави немоќен Мароканскиот чувар на голот на Севиља и донесе предност од 1:0.

По дадениот гол, тимот на Мурињо се предодреди за дефанзива, и се функционираше одлично дод 55-тата минута, кога несреќниот Манчини, по уфрлање на Хезуз НАвас ја затресе сопствената мрежа и донесе изедначување на Севиља.

Изедначувањето донесе поотворен фудбал а со тоа видовме и повеќе шанси за гол. Најпрвин се закани Тами Абрахам, но неговиот удар од одбиена топка го скроти одличниот Боно.
Најголемата шанса за победа ја имаше Андра Белоти, кој во 83-тата минута од одлична можност шутираше непрецизно и резултатот остана непорменет, 1:1.
Можност да им донесе голема радост и титула на својот тим имаше Сусо во самиот финиш на регуларниот дел, кога од огромна далечина во 96-тата минути ги тестираше квалитетите на Руи Патрисио, кој беше на висина на задачата и го однесе натперварот во продолженија.

Најинтересниот дел од екстра времето два пати по 15 минути, беше во самиот финиш кога Мурињо тргна физички да се пресмета со клупата на Севиља, откако оттаму протестираа на одолговлекувањето од страна на Немања Матиќ, кој поради повреда два пати се најде на тревникот.

Дополнителите шест минути на второто надоплнување се претворија во 12, а најголемата шанса во продолженија ја имаше Смолинг кој во 130-тата минута со глава ја погоди пречката на голот на Боно  беа  па победникот на овогодинешното финале на Лигата на Европа го дознавме по изведување на пеналите.

Јунак на тимот од Анталузија беше голманот Боно, кој ги обрани пеналите на Манчини и Ибањез па му овозможи на Монтиел да го постигне решавачкиот пенал. Четврата серија беше вистинска драма, во која Руи Патрисио го одбрани пеналот на Аргентинецот, но ВАР сигнализираше дека голманот на Рома порано ја напуштил гол линијата па Монтиел доби нова прилика. Во вториот удар, Аргентинецот беше далеку посигурен и со одличен удар го сволада Патрисио и ја донесе седмата титула за Севиља во Лигата на Европа.