Нов убедлив пораз на младите македонски кошаркари на Европското првенство во Скопје за играчи до 16 години. 

Во претпоследниот натпревар на шампионатот нашите „надежи“ се поразени од Израел во натпреварот за опстанат. 

Македонија загуби со убедливи 23 разлика (48-71) во дуелот за пласман од 12 до 16 место, со што пропуштена е последната шанса за опстанок во елитата. 

Она што за овие помлади генерации го прават играчите од 2022-ра и 2003-та година, помладите го расипуваат. 

Детали за натпреварот се неважни по ваков дебакл и тоа на домашната сцена, пред својата публика. 

Едно е јасно. Наследството кое го стекнаа од претходниците, но и благодарение на шансата што ФИБА им ја даде, ја прокоцкаа. 

Единствен „спас“ за помладите од нив, е ако ФИБА пак се смилува и повторно ни довери организација на „А“ дивизијата во оваа годишна возраст. 

Но. Ако воопшто оваа генерација може некако да се извади е утрешнината шанса против Белгија, која веќе ја победија. 

Токму против Белгијците, македонските „таленти“ утре ќе се борат да го избегнат дното на табелата, последното место.