Екипата на Арсенал со победа ја почна новата сезона во Премиер лигата. 

„Топџиите“ пред своутре сеимпатизери го совладаа Нотингем Форест со 2:1.

Дека бодовите ќе останат во Лондон веќе се навести уште во првото полувреме. Прв погоди Еди Нкети во 26-тата минута.

Водството го зголеми Букајо Сака со голот од во 33-тата минута.

Да беше малку попрецизен Деклан Рајс во 76. минута, наместо да ја погоди стативата, дуелот ќе беше завршен решен уште тогаш.

Сепак, голот на Авоњи, во 83.минута, донесе малку вознемиреност кај домашниот тим.

Но, тоа беше се од гостите, па Арсенал како и шампионот Манчестер Сити трката за титулата ја почна со триумф.