Младата женска ракометна репрезентација на Македонија без победа го заври настапот на Европското првенство за ракометарки до 17 години.

Во последниот натпревар на шампионатот во Подгорица, нашите ракометарки денеска се поразени од Исланд.

Нашите ракометарки добро го отворија мечот и имаа четири гола предност (5-1 и 6-2). Водеа црвено-жолтите се до 25-тата минута кога противник успеа да израмни (11-11), а на полувреме заминаа и со два предност (14-12).

Нашите ракометарки беа во „игра“ до 440минута, по што следеше големиот пад. Противничките од минута во минута ја зголемуваа предноста и на крајот славеа со конечни 34-25.

Така македонските кадетки кои ги загубија сите осим натпревар завршија како последни 12-ти.