Женската кадетска репрезентација на Македонија го одигра својот најдобар најдобар натпревар на ЕП за ракометарки до 17 години во Подгорица.

Сепак тоа не беше доволно да се избегне седмиот шестиот пораз. Младите македонските ракометарки загубија во последните секунди од Швајцарија со 32-31.
Во натпреварот во кој двете репрезентации имаа свои добри и лоши минути, Швајцарките на пауза заминаа со гол предност (15-14). Во вториот дел Македонија беше онаа која имаше и три гола позитива (29-26).

Во завршните осум минути црвено-жолтите постигнаа само два гола, а противничките пет, за на 24.секунди до крајот резултатот да биде израмнет.

Во последниот напад, на 4.секунди до крајот, беше досуден седмерец, кош Швајцарките го реализираа за победа со конечни 32-31.

Ива Младеновска со 5 гола беше нашата најефикасна ракометарка. Анастасија Трпеска постигна 5, а по четири гола впишаа Михаела Кралева, Исидора Котевска и Леона Миленковска.

Сега на нашите млади ракометарки им преостанува во последниот натпревари, да ја впишат првата победа и да го избегнат последното место.

Во мечот за 15-тото место Македонија утре (11.15 часот) ќе игра со поразениот од дуелот Португалија – Исланд (од 15.45 часот).