Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра вториот натпревар на ЕП за ракометарки до 19 години.

На шампионатот што се одржува во Црна Гора, нашите ракометарки вчера во првиот меч беа поразени од Романија.

Избраничките на селекторот Кристијан Гачевски, денеска ќе играат против врсничките од Унгарија.

Унгарките иако вчера, во 1.коло, беа поразени од топ фаворитот Франција (33-28), но потврдија дека имаат одлична генерација .

На нашите кадетки нема да им биде нималку лесно, но очекуваме да одиграат далеку подобро од вчерашниот меч.

Доколку играат како во првите 10-минути против Романките и ги намалат грешките и тогаш може да се надеваат на позитивен резултат.

Натпреварот од Д групата, меѓу Македонија и Унгарија ќе започне од 13.30 часот. Во вториот натпревар од оваа група ќе играат Франција и Романија (15.45 часот).