Еден од адутите на македонската кошаркарска репрезентација Ти-Џеј Џорц е во „погонот“ на тимот кој се подготвува за олимписките пред-квалификации.

Играчот кој беше прогласен за МВП во ФИБА Лигата на шампионите, од вчера му се стави на располагање на селекторот Јончевски.

„Мило ми е што се вратив во репрезентацијата, екипата и селекторот ми посакаа добредојде и со нетрпение очекувам повторно да го облечам дресот на националниот тим. На секој натпревар ќе одиме на победа и ќе се обидеме да напредуваме“, вели американскиот бек по првиот одработен тренинг.

Токму од него како и од Димитриевиќ и Војдан Стојановски ќе се очекува најмногу на претстојниот турнир во Талин.

„Добро е тоа што во тимот имаме искусни кошаркари и млади, талентирани играчи кои носат енергија. Кога ќе се спојат тие две работи, секогаш придонесуваат за добра атмосфера во репрезентацијата. Треба само да продолжиме да тренираме заедно, да дадеме се од себе и успехот ќе дојде“, дополнува Шортс.

Репрезентацијата останува да се подготвува во Скопје, се до заминувањето за Белград, каде ќе се одиграат два контролни натпревари со Полска.

На пред-квалификациите во Талин, Македонија за противници ќе ги има домаќинот Естонија, Израел и Чешка.