Партизан излезе со соопштение, по објавата на Никола Миротиќ, дека нема да биде дел од црно-белиот тим во наредната сезона. 

Контра кошаркарот, партизановци тврдат дека потпишувањето на договорот нема врска со заканите. Безбедноста на кошаркарот и неговото семејство ја гарантирал дири и  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Претседателот Мијаиловиќ, спортскиот директор Савиќ и тренерот Обрадовиќ неколку пати го уверуваа играчот дека нема причина за загриженост и дека е повеќе од добредојден во Србија. Исто така, клубот веднаш стапил во контакт со највисоките државни органи за да биде отстранет и најмал сомнеж. Во оваа прилика КК Партизан сака да му се заблагодари на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, кој лично го покани играчот и потврди дека безбедноста на неговата и на неговото семејство е загарантирана во Србија и дека се добредојдени. За сето горенаведено, постојат писмени докази во форма на е-пошта или пораки“, информираат од Партизан.

Од клубот го повикаа Миротиќ да открие кој му се заканува?

Црно-белите водено информираа дека сега се откажуваат од ангажманот на Миротиќ. Белграѓани се сомневаат во наведените причини за неговото „порекнување на дадениот збор“. 

„КК Партизан цврсто верува дека причините за непотпишувањето на договорот од страна на Никола Миротиќ немаат врска со какви било закани, туку со некои други работи кои јавноста ќе може сама да ги увиди во наредните денови“, се вели во соопштението на Партизан. Од Партизан изјавија дека клубот се врти кон други решенија на пазарот и во сезоната 2023/24 влегува со непроменети амбиции“, стои во завршницата на соопштението на КК Партизан.

Целото соопштение на КК партизан можете да го прочитате на нивниот веб сајт или на Твитер линкот во продолжение.

СООПШТЕНИЕТО НА КК ПАРТИЗАН